Над 400 македонски државјани побарале информации за евакуација од Израел, Катар и Обединетите Арапски Емирати. Во Министерството за надворешни работи се одржува континуирана комуникација за евентуална асистенција и нивно безбедно враќање во земјава.
МНР нформира дека, согласно податоците добиени од дипломатско-конзуларните претставништва, повеќе од 400 граѓани побарале информации за можноста за евакуација, а околу 30 лица изразиле подготвеност да ја напуштат земјата при прва можност.
Од Министерството велат дека со сите пријавени лица се одржува редовна комуникација и се преземаат подготвителни активности за евентуална асистенција и нивно безбедно извлекување, зависно од развојот на состојбата на терен. Паралелно, дипломатско-конзуларните претставништва ги спроведуваат сите неопходни мерки за подготовка и организирана реализација на евентуалната евакуација, во координација со пријателски земји и меѓународни партнери.
Министерството останува достапно преку дежурниот телефон и преку дипломатско-конзуларните претставништва, и повторно апелира сите државјани во регионот да ги почитуваат упатствата на локалните безбедносни служби.
Контакт телефони за помош:
-СОС – МНР: 075/273-732
-Амбасада во Доха: +974 50 173 111
-Амбасада во Абу Даби: +971 56 441 7532
-Амбасада во Тел Авив: +972 54 500 8566 и +972 54 967 0546