153
Во последните 24 часа биле тестирани 16.022 лица во Србија, од кои 4.080 се новозаразени, објави тамошното Министерство за здравство.
Според информациите, 49 лица починале, а 313 пациенти се приклучени на апарати за дишење.
За потсетување, вчера биле тестирани 13.590 лица, а од нив 3.685 биле позитивни на вирусот корона, додека 47 лица починале. Според вчерашниот пресек во билансот, во болниците низ Србија имало 314 пациенти приклучени на апарати за дишење.