Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното гостување на телевизија Сител рече дека во момементов не се користи максималниот капацитет за вакцинирање. Тоа ќе се случи кога при крајот на овој месец ќе пристигне поголема количина вакцини.
-Динамиката на вакцинирање ќе за забрза и достигне својот максимален капацитет со пристигнување на 200.000 дози од кинеската вакцина. Максималниот капацитет е околу 10.000 вакцинирани на ден, без спортските сали кои ги спремаме во Куманово, Штип, Кавадрци, Тетово, Охрид и Битола. Таму на повеќе пунктови ќе може да се вакцинира уште поголема бројка. Ги повикувам граѓаните да се пријавуваат за вакцинација на www.vakcinacija.mk, изјави Филипеч за Сител.
Вкупно 43,032 лица се вакцинирани во Македонија, додека пак бројот на заинтересирани лица за вакцинација изнесува 188,562.