Над 50 илјади граѓани вакцинирани против сезонски грип

од Nikola Popovski
10 прегледи

За вакцинација против сезонски грип досега се пријавиле над 71 илјада граѓани, што покажува голем интерес на луѓето да се заштитат од компликации. Во пунктовите за вакцинација досега се вакцинирани над 50 илјади лица, информираат попладнево од Министерството за здравство.

-Исто така, во центрите за хемодијализа се вакцинирани илјада, а во домовите за стари лица, вакцина примиле над 300 луѓе, појаснуваат оттаму.

Потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип претставува најефикасна мерка за превенција, спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход, особено кај ризичните групи.

– Пријавувањето се врши со пополнување на апликацијата на вакцинација.мк и со тоа, директно се регистрира за вакцинација во системот „Мој термин“. Со бесплатна вакцинација се опфатени ризичните групи население, додаваат од Министерството за здравство.

Слични содржини