(Видео) Над 500 повредени во експлозија во тајванскиот аквапарк

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Бројот на настраданите во експлозијата, што избувна во тајвански аквапарк, во градот Синбеј, веќе се искачи на  516 лица , пренесе агенцијата “Новости”. Настраданите се со изгореници на кожата, лезии на дишните патишта и различни по тежина други трауми.   Се тврди дека  194 од повредените се со особено тешки повреди. Меѓу нив има тројца странци.Засега нема информации за загинати.

тајб

Настраданите се транспортираат до 39 болници околу реонот на несреќата. Инцидентот се случил во 20:30 часот. по локално време, додека во аквапарк се спроведувал фестивалот на боите Color Play Asia.

Беше објавено дека на главната сцена има пожар , по што избувнала експлозијата.
Засега не е јасно што е причината, но е можно експлозијата да е предизвикана од разнобојниот прав, кој бил распрскан  во воздухот.

На местото на несреќата немало лекови и спасувачка  опрема, ниту спасители.

20150628.hfzuyzjzck

Според очевидци, ситуацијата по експлозијата била ” како во пеколот “. Некои од луѓето почнаа да скокаат во вода за да се спасат ,се создал хаос и пристигнатите итни екипи тешко се пробивале по  патот кон настраданите.

Властите испратиле на местото 140 амбулантни возила, со кои се однесени настраданите во болница.
Причините за експлозијата се уште не се утврдени. Властите водат истрага.