Над 60.000 граѓани користат канабис: Декриминализацијата во земјава ќе придонесе голем број позитивни промени

од Берта Китинска
773 прегледи

Откако ќе се дозволи извоз на цвет од канабис за медицински цели со измени на Законот за контрола на опојни дроги, во земјата ќе почне широка дебата за целосна легализација и декриминализација на канабисот.

До јуни 2021 се очекува да биде отворена дебатата, по што процесот ќе оди во Собрание, вели премиерот Зоран Заев, кој очекува идната година да се отвори дебата за декриминализација и за целосна легализација на канабисот.

Измени на Законот

Потребни се промени на членот 215 од Казнениот закон или додавање на нов член 215-а кој ќе го регулира канабисот, вели адвокатот Јанаки Митровски кој додава дека со овие измени ќе се смени досегашна пракса на Обвинителство кое со Упатсво ги задолжува сите обвинители по автоматизам да ги гонат лицата за намера за продажба кај кого е запленета минорна количина канабис.

-Самото воведување на став два од член 215 направи повеќе штета отколку бенефит иако намерата беше благородна- полесно да се казнува за помало количество. Ова е злоупотребено до максимум од Републичкото Јавно Обвинителство кое во 2009та со Упатсво ги задолжи сите обвинители по автоматизам да гонат за намера за продажба секое лице кај кого е запленета минорна количина од пет грама па нагоре. Проблемот се јавува кога судовите тоа беспоговорно го прифаќаат.Количина за лична употреба треба да се детерминира како канабис за лична употреба и би се движела меѓу петнаесет и триесет грама канабис, еквивалентно на половина до еден грам канабис дневно, за месечна залиха, објаснува адвокатот Јанаки Митровски.

Во однос на фирмите кои се занимаваат со производствот на канабис за медицински цели,а не можат да го извезат цвет од канабис, бидејќи е блокирани поради Законот за опојни дгори Митровски вели дека е нејасно е одредницата зашто може да се извезува масло, а не и сув цвет.

-Пречката е и кај самиот дел од компаниите- најголемиот дел од нив, односно сите 59 освен една немаат EU GMP стандарди, и дури и утре да се дозволи извоз на цвет, тој канабис нема да влезе во ЕУ бидејки нема EU GMP, вели Митровски.

Невладините бараат работните групи веднаш да почнат со дефинирање на законите

Од „Хопс“ – Опции за здрав живот Скопје и „Билка“ велаат дека декриминализацијата претставува еден комплексен и пошиток процес, кој подразбира не само поинакво регулирање во кривично правната легислатива, туку и воспоставување на модел преку вложување во здравствениот и социјален одговор на личната употреба.

-Во нашата легислатива личната употреба на било која дрога вклучително и канабисот не претставува кривично дело, а прекршок казни според Зкаон за прекршоци против јавен ред и мир претаставува само употребата на јавен простор. Кривино дело според членот 215 се сите дејствија вклучително и произведувањето/одгледувањето и поседувањето со НАМЕРА ЗА ПРОДАЖБА. Меѓутоа проблемот е што кај нас има веќе долгогодишна воспоставнеа пракса на прогон и казнување токму на луѓето кои биле фатени со дрога/канабис која им била за лична употреба ( без разлика дали имале неколку грама канабис кај себе, дали ги фатиле како пушат џоинт или им фатиле дома една билка во саксија), велат од „Хопс“.

Отааму додаваат дека треба да се олесни промената на праксата во насока да не се гонат и осудуваат и казнуваат луѓе кои ќе поседуваат или одгледуваат канабис за лична употрба потребно.

-Треба да се направи интгервенција во казненото законодавство. Но тоа само по себе нема да значи иде факто декриминалзиација, се додека и кривично правната праксата не профункционира како што треба, но и додека не се воведе паралелно соодвете здравствен и социјален одговор.Можноста за одгледување на одредена количина за лична употреба вклучително и за лична употреба пак претставува прв чекор кон легализација на канабисот, така што тоа треба да се регулира во Законот за контрола на опојни дроги. Уште една работа која сакаме да ја потенцираме а која мислиме дека периодов беше многу актуелна но некако извадена на моменти од контекст е одлуката УН да го тргне канабисот и препаратите од канабис од Листата 4, со што се потврди медицинската вредност на оваа билка, но тоа не значи дека билкаат се легалзира, бидејќи за жал сеуште е класифицирана во Листата 1 како наркотична дрога ( од тие причини и погоре кога зборуваме за нарктични дроги реферираме и на канабис бидејќи сеуште меѓународната класификација на УН со која сме обврзани и ние како држава така го класифицира канабисот), велат од „Хопс“.

Според „Билка“ декриминализација на канабисот може да се спроведе многу лесно со измена на член 215 од кривичниот Законик.

-Декриминализација на канабис може да се спроведе многу лесно со измена на член 215 од кривичниот Законик или со додавање на нов член 215-а кој ќе го регулира канабисот. Треба да се одреди законски, по една стручна дебата, што државата како максимум прифаќа дека е количина за лична употреба и истата да се наведе во закон, велат од „Билка“.

Во однос на нивните барањата како самостојни здруженија тие се согласни дека потребно е итна декриминализација на поседување и лична употреба и одгледувањето на растенија за лична употреба.

-Нашите предлози и барања накратко се декриминализација вчера, легализација утре, со продажба во локали, но и можност секој рекреативен корисник сам да си одгледува дома, или пациент кој има болест која е препознаена дека може да се третира со канабис со задолжителна регистрација при државно тело. Итно проширување на листата на дозволени области за третман со канабис при Правилник на Министерство, отварање на Институт за канабис при Земјоделски факултет, формирање на Агенција за канабис раководена од активист, носење на посебен Закон за канабис, велат од „Билка“.

Од Хопс дополнуваат дека потребно е да се предвиди во Законот за контрола на опојни дроги формирање на Фонд од давачките кои правните лица кои произведуваат и тргуваат со канабис ќе ги плаќаат согласно овој закон.

-Нашите предлози и барања се истакнати во документот на Операција слобдување кој јавно го објавивме, еден од нив е и во Агенцијата за канабис да има независно тело-комисија составено од преставници на граѓанскиот сектор.Да се предвиди во Законот за контрола на опојни дроги формирање на Фонд од давачките кои правните лица кои произведуваат и тргуваат со канабис ќе ги плаќаат согласно овој закон Да се прецизира процент од средствата од овој фонд кој ќе биде наменет за програми за маргинализирани групи и лекување на разни болести, велат од „Хопс“.

На прашањето дали ние како општество сме подготвени да гласаме за закон, со кој би се легализирала употребата на наркотици од здруженијата велат дека со оваа проемна целото општество ќе има бенефит.

-Ако имаме предвид дека во Македонија на редовна основа над 60.000 граѓани користат канабис дали тоа значи дека сите нив треба да ги затвориме. Од друга страна веќе е докажано дека канабисот е лековит, СЗО ја призна неговата лековитост и го тргна од листата на строго контролирани супстанции , понатаму сите истражувања покажуваат дека тутунот е многу поштетен од канабисот итн. Значи постојат голем број на позитивности кои ќе ги донесе декриминализацијата на канабисот. За споредба конзеравативната Португалија уште во 2001 година ги декриминализираше сите видови на дроги, не само на канабисот и денес се смета за најуспешен модел признат и од Обединетите нации. Таквата политика на Португалија доведе до намалување на бројот на луѓе кои користат психоактивни супстанции, намалување на бројот на смртните случаи поврзани со употребата на психоактивни супстанции, помал број на затвореници, огромно намалување на слуачеви на ХИВ и заштеда на значајни финансиски средства. Ова политика за дрогите во Португалија во почетокот исто така беше напаѓана но резултатите беа видливи веќе за 3-4 години и ниту една влада без оглед дали е формирана од левицата или десницата не ја менува затоа што се покажа како успешна. Затоа длабоко веруваме дека колку и да изгледа дека нашето општество не е спремно за вакаво нешто, релноста ќе биде сосема поинаква ако се донесат промените во насока на декриминализација на поседувањето за лична употреба и употребата на психоактивните супстанци и сите ние како општество ќе имаме подобар живот, велат од „Хoпс“.

Од Билка велат дека реториката, која придонесува на сатанизирање и стигматизација на канабисот, повеќе децении, е неоснована.

-Мораме да забележиме на реториката, која придонесува на сатанизирање и стигматизација на канабисот, која трае осум и повеќе децении, а е неоснована. Канабисот не го сметаме за наркотиик, иако Единствената Конвенција за наркотични дроги на ОН така го третира, но мора да се има во предвид дека Конвенцијата е од 1961 година. Воедно и самите ОН по препорака на СЗО месецов го тргнаа канабисот од листата на најопасни наркотици, со тенденција на целосно тргање од листите на забранети супстанци, велат од здружението.

Во однос на тоа дали е потребна дополнителна запознавање на младите лица во образованието тие потенцираат дека доколку тоа би се спровело најсоодветно би било да биде воведено како едукација со која тие би се информирале за можните несакани дејствија и би им биле пренесени точните информации.

– Во денешно време на младите им се достапни многу различни информации поврзани со канабисот, но не секогаш тие информации се точни, веродостојни и научно издржани. Од тие прични во насока на превенција на употребата особено помеѓу малолетната популација, но и превенција од несоодветна употреба, односно намалување на штети од употреба на канабис, неопходно е до младите луѓе да стигнат точни, правилни но и навремени информации, поради што образовните инситуции се еден од важните канали за овозможување на пристап до соодветни информации. Од тие причини и една од стратешките цели во националната стратегија за контрола на дроги опфаќа превентивни активности кои се реализриаат преку образовните програми и курикулуми, велат од „Хoпс“.

Од „Билка“, напоменуваат дека се залага за легализација на канабис за полнолетни лица, но дека не треба да се занемари и фактот дека многу малолетници користат канабис.

-Самиот факт што е забранет тоа нема да го спречи, напротив и ја потикнува љупобитноста и феноменот на забрането јаболко. Можеби е најсоодветно да се спрoведе едукација за можни несакани дејствија(кои се привремени и не оставаат последици), велат од здружението.

Б.М

Слични содржини