Над 60.000 граѓани Новата година ја дочекале на плоштадот „Македонија“

од Aleksandar Todeski
313 прегледи

Над 60.000 граѓани ја дочекале новата 2020 година во Скопје со спектакуларното шоу на балканската ѕвезда Дино Мерлин. Бројката утрово беше објавена на официјалниот Фејсбук профил на Град Скопје, од каде додадоа дека имало гости и од земјава и од странство.

Фото: Борче Поповски

„Во организација на Град Скопје, над 60 000 граѓани од земјава и од странство ја дочекаа Новата 2020 година во главниот град на плоштадот „Македонија“ со неверојатно шоу и вонвременските хитови на големата музичка ѕвезда, Дино Мерлин. Веселата атмосфера со пеењето на неговите хитови на новогодишната ноќ дополнително ја кренаа сценските ласери и повеќеминутниот огномет со кои се означи почетокот на новата година. Граѓаните во весело расположение си посакаа многу среќа, добро здравје и успеси во Новата 2020 година. Градот Скопје и тимот на Дино Мерлин Ви посакуваат среќна и бериќетна Нова 2020 година исполента со добро здравје, многу љубов и голем успех“, пишуваат од Град Скопје.

Инаку вчера точно на полноќ, како и сите претходни години, градот организираше спектакуларен огномет, а со коцертот на Мерлин се заокружи и годинешниот зимски град на плоштадот, „Винтерленд“.

Слични содржини