Над 600 нови случаи за 24 часа во Италија за првпат по 3 месеци

од Vladimir Zorba
219 прегледи

Бројот на нови случаи на коронавирус во Италија надмина 600 за еден ден, за прв пат во последните три месеци.

Туристите и луѓето кои се враќаат од одмор се сметаат за главни фактори за зголемување на бројот на случаи, пишува АП.

Министерството за здравство регистрираше 629 случаи на коронавирус во претходните 24 часа, со што беа потврдени вкупно повеќе од 253.000.

Последниот пат кога дневниот број беше поголем – 669 случаи, беше на 23 мај. Пред само неколку недели, Италија имаше околу 200 нови случаи на ден.

Бројот на загинати од Ковид-19 во Италија е повеќе од 35.000.

Слични содржини