Над 650 милиони евра од парите за Коридорите 8 и 10 ќе завршат во македонските компании, тврди Каевски

од Vladimir Zorba
160 прегледи

„Не треба да се прави слика дека сите пари од изградбата на Коридорите 8 и 10 ќе се дадат на „Бехтел и Енка“. Во договорот стои дека 51 отсто од изведувачите треба да бидат македонски компании. Тоа значи дека 650 милиони евра ќе се слеат на контото на домашните компании“
изјави пратеникот од СДСМ, Дарко Каевски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека ова е оживување на фирмите и финансиска инјекција која ќе допринесе да се развива градежниот сектор во земјава.

„Неблагодарно е да се каже дека македонските фирми ќе бидат оттргнати, бидејќи 51 отсто од апсолутно сите работи на проектите ќе бидат за домашните компании, што е обврска од договорот“ рече Каевски.

Пратеникот од СДСМ рече дека со воведувањето на овој систем на изградба на автопатите ќе се донесе нова вредност во државата и ќе се избегне ситуацијата одредени автопатски делници да се градат со години.

Слични содржини