272
Над 794.000 случаи на коронавирус се регистрирани во претходните 24 часа во светот, така што вкупниот број на пациенти од почетокот на пандемијата Ковид-19 надмина 146,84 милиони луѓе, објави Светската здравствена организација (СЗО) во дневниот билтен.
Бројот на потврдени случаи за 24 часа е 794.573, додека 12.470 починале, пренесува агенцијата ТАСС.
Покрај скоро 147 милиони заразени од почетокот на кризата, починале 3.104.743 лица.
Југоисточна Азија има најмногу инфекции на ден – повеќе од 46 проценти (366.552 случаи), следени од Северна и Јужна Америка (201 644), а потоа Европа (134 957).
Најмногу инфицирани од почетокот на пандемијата има во Соединетите држави (31.708.445), следени од Индија (17.313.163) и Бразил (14.308.215).