Над 9.500 илјади активни случаи на Ковид-19, повеќе од половина се од Скопје

од Vladimir Zorba
186 прегледи

Надминати се девет илјади (9539) активни случаи на КОВИД-19 во земјава со новите потврдени 632 од вчерашната статистика за поминати 24 часа. Над половина активни односно 5558 се во Скопје. Трицифрени бројки на заразени во моментов имаат уште 12 града, најмногу се во Битола – 755 и Прилеп – 546, а над 300 активни имаат Охрид – 396 и Кавадарци – 301.

Од новите 632 случаја, потврдени од направени 6531 тест, 470 се во Скопје. Од последици од КОВИД-19 во последното деноноќие починале седум лица и со нив вкупниот број луѓе кои ја загубија битката со коронавирусот е 8023.

Од почетокот на епидемијата бројот на КОВИД-дијагностицирани во нашата земја достигна 232 068, а оздравени се 214 506 пациенти.

Слични содржини