Над 90 проекти: ТАВ ќе раководи со инфрастуктурните проекти во општините

од Берта Китинска
288 прегледи

ТАВ ќе раководи наместо општините кои аплицираа и ги подготвија самите инфрастуктурни проекти, поради пријателски причини, да ни помогне во брзината на постапката за реализацијата на проектите, вели премиерот Зоран Заев.

-Оваа работа на поефикасен начин ќе ја прави ТАВ, отколку државата да почнеше преку своите институции да ја прави таа ревизија и конечното потврдување на проектите. Мора да сме благодарни на ТАВ којшто ангажираа посебни ревизорски куќи и ги платија сопствено, со цел да се направи финална ревизија за да може да стартуваат изведбите на договорите, рече Заев.

Мостови, локални патишта, водоводни мрежи, градинки, основни училишта… се само дел од проектите, кои ќе се градат или реконструираат со парите од ТАВ кои првично беа планирани за изградба на карго аеродром во Штип.. Станува збор за сума од близу 50 милиони евра, за над 90 проекти.

Слични содржини