Над милијарда дози вакцина против КОВИД-19 се дадени во 207 земји ширум светот

од Vladimir Zorba
162 прегледи

Дадени се повеќе од една милијарда дози вакцини против коронавирус ширум светот, пет месеци по почетокот на масовната вакцинација, објави вечерва агенцијата АФП.

Точно 1.002.938.540 дози на вакцина се дадени во 207 земји и територии, наведува АФП, според пописот врз основа на официјалните податоци од земјите.

Околу 58 проценти од вкупниот број вакцини се дадени во три земји – САД (225,5 милиони дози), Кина (216,1 милиони дози) и Индија (138,4 милиони дози вакцини), пренесе „Бета“.

Во Европската унија се дадени 128 милиони дози вакцини, што е 21% од популацијата.

Вакцинацијата не е започната во 12 земји, поточно во Африка – Танзанија, Мадагаскар, Буркина Фасо, Чад, Бурунди, Централноафриканска Република, Еритреја, во Океанија – Вануату, Самоа и Кирибати, во Азија – Северна Кореја и на Карибите – Хаити.

И покрај полемиките, оксфордската вакцина „АстраЗенека“ е најмногу користена при имунизација на населението. Следат вакцините на „Фајзер“, „Модерна“, „Синофарм“, „Спутник V“ и „Синовак“.

Слични содржини