
Само за изминатата недела македонската полција издала потврди за престој на вкупно 3.023 државјани на Сирија, Авганистан, Ирак, Конго, Пакистан и др. Од нив 2.338 се мажи, 375 се жени а 310 се деца.Според полицискиот портпарол Иво Котевски, досега ниеден не побарал азил.Котевски вели дека од стапување на законот за сила ситуацијата е значително подобрена.
“Нема несреќни случаи по пругите и патиштата или нивна злоупотреба од криминални структури а државата има подобра евиденција на сите кои нелегално влегуваат во државата”-посочи Котевски.