Нада Топчагиќ не престанува да зборува за Златан: „Одам во црква да се молам за него, ме подигна во орбитата“

од Nikola Popovski

Фолкерката чија песна се слушна на синоќешниот Санремо, не престанува да го фали фудбалерот Златан Ибрахимовиќ. Нада Топчагиќ моментално е повторно апсолутен хит во Србија поради фудбалерот со потекло од БиХ.

Снимката веќе ја видовме на неговиот Инстаграм профил, а синоќа ги слушнавме звуците од песната „Јутро је“ од Нада Топчагиќ, додека Златан Ибрахимовиќ се симнуваше на сцената на италијанскиот фестивал Санремо. Српската пејачка го пофалила за ова, а сега изјавила дека ќе се моли за него.

„Јас навистина сум изненадена, регионот гори! Таква личност во морето на моите колеги да избере тактови на мојата песна. Златан порасна со мојата песна. Ја обиколив Југославија, имав голема турнеја во Шведска. Го запознав таткото на Златан, Шефик кој ми рече дека неговиот син тренира во мал клуб. Ќе одам во црква на Велики петок за да се помолам за неговото здравје, сепак тој ме врати во мојата младост и популарност. Сега се чувствувам како да го пеев мојот прв хит, хит на летото тогаш. Тогаш бев дете и цела Југославија ме бркаше“, изјавила Нада и додала:

„Синоќа го видов видеото. Веднша ми честитаа за Санремо, а се прашував каков Санремо. Ќе се молам Златан да е секогаш силен и здрав. Пресреќна, нека даде голови до бесвест. Ме подигна од пепел во орбитата “, рекла Топчагиќ.

Слични содржини