Надал: Ако лекарите велат дека треба да се вакцинираме, зошто јас би размислувал поинаку

од Vladimir Zorba
204 прегледи

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се врати по повредата на стапалото на егзибицискиот турнир во Абу Даби и веднаш беше испрашан за многу теми, меѓу кои најзвучна е вакцинацијата. Надал во неколку наврати истакна дека е важно да се вакцинира, но не затоа што мисли дека е најпаметен, туку затоа што тоа се зборови на експерти.

Петтиот играч на АТП ранг листата се врати по неколкумесечна пауза поради повреда на стапалото, која ја заработи пред турнирот во Вашингтон.

Во првиот меч на турнирот беше поразен од Енди Мареј, додека во вториот меч подобар од него беше Денис Шаповалов.

„Не сум ниту за, ниту против вакцинација. Јас само го следам она што го кажуваат одговорните за здравство. Не се преправам дека знам повеќе од лекарите. Ако луѓето кои навистина ја знаат ситуацијата велат дека треба да се вакцинираме, зошто јас би имал поинаква мислење?“, истакна Надал.

Тој додаде дека се уште не е сигурен дека ќе настапи на Австралија опен во јануари.

„Морам да разговарам со мојот тим и потоа ќе донесам одлука. Мојата желба е да одам, но ќе видам како ќе се чувствува телото по овие неколку интензивни денови. Во овој момент од мојата кариера, мора внимателно да го одмерам секој потег, затоа што знам низ што поминав“, заклучи Рафа.

Доколку настапи во Мелбурн, ќе мора да се вакцинира, освен ако не побара медицинско ослободување од независна лекарска комисија.

Слични содржини