Рафаел Надал и Марија Чиска Перељо го потврдија раѓањето на нивното второ дете, откако во четвртокот на 7 август, добија син. Семејството ја напушти болницата околу пладне во саботата.
Овој пат многу помалку внимание беше посветено на бременоста на Марија во споредба со првиот пат, па дури и во шпанските медиуми немаше толку многу детали. Затоа оваа вест одекна во јавноста дури во саботата. Она што е најважно овој пат, бременоста поминала непречено, без никакви компликации ниту проблеми.
Двојката објави дека го очекува своето второ дете во април. Бидејќи двајцата претпочитаат да ги чуваат работите што е можно поприватно, дури на последните јавни настани беше очигледно дека Марија Перељо е бремена.
Рафа и Марија не биле премногу оригинални кога станувало збор за изборот на име, па вториот син го доби името Микел, што е релативно често име во Шпанија. Секако, постои причина зошто е така… Таткото на Марија Перељо се викал така и починал во 2023 година.
Рафал Надал започна врска со неа пред деветнаесет години, откако за прв пат биле видени јавно заедно во 2006 година. Двојката се венчала во 2019 година.
Нивното прво дете го носи неговото име Рафаел Надал помладиот и е родено во октомври 2022 година. Освојувачот на 22 гренд слем титули реши да основа семејство на крајот од својата тениска кариера.