150
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја освои титулата на АТП серијата 250 во Мелбурн, откако го совлада Максим Креси со 2:0 (7:6 (6), 6:3.
Ова беше негова 89. индивидуална титула во кариерата, а ја освои по час и 44 минути, а постави и рекорд. Имено, Рафа Надал успеа да освои барем една АТП титула во 19 последователни сезони!
По нешто попроблематичниот прв сет, Рафа успеа да го скрши отпорот на 112-от светски играч и во продолжение сепак без големи потешкотии го освои и на идеален начин направи увертира пред Австралија Опен.