Надал го откажа учеството во Монтреал

од Nikola Popovski
227 прегледи

Најпрвин Новак Ѓоковиќ се повлече од Мастерсот во Монтреал, а денеска истата одлука ја донесе и Рафаел Надал.

Ѓоковиќ мораше да се повлече бидејќи на невакцинирани од странство им е забранет влез во Канада, но Надал мораше да се повлече од здравствени причини.

„Откако одморот и враќањето на тренинзите, се одепе добро овие недели. Пред четири дена повторно почнав да тренирам и по тренингот имав мала непријатност што беше присутна денеска“, објави Надал на Твитер.

„Решивме да не патуваме во Монтреал и да продолжиме да тренираме без форсирање. Искрено му благодарам на директорот на турнирот Јуџин и на целиот негов тим за разбирањето и поддршката што отсекогаш ми ја покажуваа, а ниту денешниот ден не беше исклучок“, наведе шпанскиот ас, потејцирајќи:

„Се надевам дека ќе играм повторно во Монтреал, турнир кој го сакам и пет пати победив пред публиката која секогаш ме дочекуваше со голема љубов. Немам друг избор освен да бидам мудар во овој момент и да размислувам за здравјето“.

Надал сака целосно да се опорави пред почетокот на УС Опен, кој ќе започне на 29 август и ќе трае до 11 септември. Со оглед на тоа дека шансите на Новак Ѓоковиќ за настап во Њујорк не се големи, Надал ќе биде прв фаворит на последниот Грен слем во сезоната.

Шпанецот ги освои воведните два во Мелбурн и Париз, додека Ѓоковиќ беше најдобар на Вимблдон оваа сезона.

Слични содржини