Рафаел Надал го освои Мастерсот во Рим со победа против најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ во три тешки сета 7:5, 1:6. 6:3.
Со победата против Ѓоковиќ, Надал ја освои титулата во Рим по десетти пат во кариерата. Натпреварот траеше скоро три часа, при што видовме се што треба да им обезбеди на гледачите врвен тениски натпревар.
Во меѓусебните натпревари, Србинот сепак има победа повеќе од Надал (29:28), а според бројот на освоени Мастерс титули, двајцата играчи сега се изедначени на 36.
Ова е 89-та титула на Шпанецот во неговата кариера, Новак засега останува на 83.