272
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска за официјалната веб-страница на АТП изјави дека Новак Ѓоковиќ е главен фаворит да стане рекордер по бројот на Гренд слем трофеи.
Надал неодамна го освои 14. Ролан Гарос, со што дојде до 22. Гренд слем титула во кариерата, па сега има две повеќе од Ѓоковиќ и Федерер кои имаат по 20.
„Јасно е дека Новак Ѓоковиќ е во најдобра позиција да освои најмногу Гренд слемови бидејќи нема физички проблеми, а игра на спектакуларно ниво“, изјави Рафаел Надал.