Рафаел Надал вчера од Вашингтон го коментираше прашањето за фрлањето на рекетот од Новак на трибините за време на мечот за бронзата со Пабло Карено Буста на Олимписките Игри.
– Ѓоковиќ, како некој што го следат деца, би морал да избегне такви ситуации како што се случи на Олимпијадата во Токио против Карено Буста. За среќа, немаше луѓе на трибините и ништо друго не се случи, но ова се работи што се случуваат од време на време. Неопходно е да се обидеме и да избегнеме слични работи – рече Надал.
– Чудно е што некој, толку успешен, повремено реагира на овој начин – заклучи Надал.
Надал ќе игра на „Сити Опен“ во Вашингтон за прв пат по загубеното финале на Ролан Гарос од Новак.
По Париз, тој објави дека нема да настапи на Вимблдон и на Олимпијадата во Токио.