Шпанскиот тенисер Рафаел Надал откри дека има план за долгорочно решение на проблемот со повредите на стапалото, бидејќи ќе користи т.н. инјекција со пулсирачка радиофреквенција, пренесуваат шпанските медиуми.
Надал во неделата на Ролан Гарос ја освои 14-тата титула, откако во финалето го совлада Норвежанецот Каспер Руд со 6:3, 6:3, 6:0.
„Ми помогнаа анестетиците кои ги добив директно на нервот. Сега ќе се подложам на поинаква терапија. Ми помогна и ми ја ублажуваше болката во минатото“, изјави Рафаел Надал.