Надал изјави дека не е подготвен за Ролан Гарос: Тешко ми е, можеби ќе се обидам

од Vladimir Zorba
502 прегледи

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по елиминацијата во второто коло на Мастерсот во Рим од Хуберт Хуркач од Полска (6:1, 6:3) изјави дека чувствува дека не е психички подготвен за настап на Ролан Гарос, турнир на кој има победено 14 пати во кариерата.

Шпанецот само вторпат од 2003 година наваму освои само четири гејма во еден меч на земја, па на прес-конференцијата беше многу незадоволен од моменталната форма.

-Сè уште не сакам да одлучувам за тоа. Постојат два можни патишта. Мислам дека не сум подготвен да се натпреварувам на Ролан Гарос по она што го направив денес. Остануваат уште две недели, ќе направиме се за да ја промениме ситуацијата. Иако е тешко, фрустрирачки, јас сум се поблиску до обидот. Заглавен сум, но ќе дадам се од себе во овие две недели – изјави Надал.

Тој додаде дека неговата моментална форма е далеку од она што е потребно за добар настап во Париз.

-Физички има некои проблеми, но тие не се доволни за да се каже дека не можам да играм на најважниот настан во мојата тениска кариера. Ајде да видиме како ќе оди се, како ќе бидам психички утре, задутре, за една недела. Ако се чувствувам подготвен, ќе бидам таму борејќи се за работите за кои се борев во последните 15 години, иако тоа сега изгледа невозможно, додаде тој.

Ролан Гарос започнува на 26 мај, а титулата ја брани Новак Ѓоковиќ.

Слични содржини