Тони Надал, чичко и поранешен тренер на славниот шпански тенисер Рафаел Надал, во колумна за „Паис“ истакна дека бројот на освоени Гренд слем титули ќе биде клучен во борбата за статусот на најголемиот тенисер во историјата.

Искусниот стручњак е свесен дека Новак наскоро би можел да ги престигне Рафа и Роџер.

„Видовме добра игра и исход што ги носи Новак опасно близу до Федерер и Рафаел во борбата што сакаат да ја завршат во нивна корист, како играчи со најмногу освоени Гренд слем титули“, вели Тони и посочува дека следните два Гренд слема ќе бидат клучни во оваа трка.

„Следните два турнири, Вимблдон и УС Опен, веројатно ќе бидат клучни. Не би се осмелил да извлечам заклучоци, но се осмелувам да верувам дека мојот внук ќе освои еден од нив“.

Шпанецот признава дека се надевал дека Циципас ќе успее да го запре Новак во финалето.

„Единственото нешто што можеше да го ублажи разочарувањето поради поразот на Рафаел во полуфиналниот натпревар од Ролан Гарос против Новак ќе беше победа на Стефанос Циципас во финалето. Во текот на последните две недели од натпреварувањето, им реков на моите деца. Мислев дека е најспособен да го победи Србинот на земја ако има можност, освен мојот внук, се разбира, беше Гркот. И во поголемиот дел од натпреварот се надевав дека тоа ќе се случи“, искрено рече Тони.

Слични содржини