Надал ќе биде фаворит на Ролан Гарос се додека може да оди

од Aleksandar Petrovski
274 прегледи

Некогашниот тренер на Роџер Федерер, Пол Анакон вели дека би бил шокиран кога Рафаел Надал не би освоил барем уште еден Гренд слем наредната година.

„Не гледам како не би стигнал до 20 Гренд слем титула. Рафа ќе биде фаворит за титулата на Ролан Гарос додека не ќе може да оди“, изјави Анакон за Њујорк Тајмс.

„Надал продолжува да ме импресионира. Мислам дека клучна работа кај него е едноставноста. Знае што не може да контролира, а што може и мислам дека тоа доста му помогна во кариерата“, вели Анакон.

Надал по петти пат во кариерата ја заврши годината како најдобар тенисер во светот, а ја круниса годината со трофејот во Дејвис купот кога славеше со Шпанија.

Слични содржини