Лесна победа во првиот круг, потоа Алекс де Минор во вториот. Рафаел Надал имаше таквa ждрепка во Барселона, истата ја има и во Мадрид. Минатата недела Австралиецот без проблем успеа да се снајде со „Кралот на земјата“, сега повторно го чека.
– Ќе бидам изненаден ако го победам Де Минор – признава петкратниот шампион на Мадрид опен дека го смета брзиот Австралиец за речиси непремостлива пречка – Но, исходот од тој меч воопшто не ме загрижува. Единственото нешто што ми е важно е да останам и да играм уште еден ден во Мадрид. Победата или загубата не ми значат многу во овој момент, тоа не менува ништо во мојата кариера. Јас сум искрен и не очекувам успех, ова е сосема друга ситуација, додаде тенисерот.
Надал води со 3:2 против Де Минор, но ги загуби последните два натпревари. Доколку успее да се пласира во третото коло, ривалот ќе биде подобар од Тиафо (САД) – Качин (Аргентина).