Надал: Ќе видиме како ќе се разбудам утре

од Симе Стоиков

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по повеќе од три часа игра успеа да го добие своето 17-то четвртфинале на Мастерсот во Мадрид.

Тешкотии му зададе 91. тенисер во светот Педро Кацин, кој имаше и свои шанси да ја забележи најголемата победа во кариерата.

“Имаше добри моменти и лоши. Најдов начин да го освојам третиот сет. Направив грешки, но мислам дека успеав да бидам непредвидлив. Тоа го промени текот на натпреварот”, изјави Надал по мечот.

Го праша и дали има болки.

„Не, не чувствував никаква болка. Ќе видиме како ќе се разбудам утре. Одам еден по еден ден. Се обидувам да уживам играјќи дома, тоа многу ми значи. Продолжувам да сонувам. Утре е нов ден и можам да играм пред одлична публика.

Следниот меч Шпанецот го игра против Јиржи Лехечка за место меѓу четирите најдобри тенисери.

Слични содржини