Надал лажел дека е повреден?

од Nikola Popovski
282 прегледи

Рафаел Надал беше принуден да се повлече од Вимблдон поради скинат стомачен мускул од седум милиметри.

Сепак, само неколку дена подоцна, повредата изгледа како минато.

Имено, Надал е снимен како ужива на шпанскиот остров Форментера, а во таа прилика се возел на џет ски.

Ова е особено интересно ако се земе предвид дека возењето џет ски бара одреден напор од стомачните мускули, па големо прашање е како Надал успеал доволно да ја залечи повредата за толку краток временски период (четири дена) за да се вклучи во нешто што може да му ја влоши повредата.

Слични содржини