Надал на работ на солзи: Навистина не можам да го објаснам ова

од Nikola Popovski
421 прегледи

По освојувањето на Австралија опен, шпанскиот тенисер Рафаел Надал му честиташе на Данило Медведев за борбата, но и им се заблагодари на сите членови на неговиот тим и семејството.

Надал направи неверојатен пресврт во финалето на Австралија Опен и така стигна до 21. Грен слем титула во кариерата.

„Знам дека ова е тешко време за Данил. Сум бил на оваа позиција неколку пати на овој турнир, имав шанса да го освојам овој трофеј, но нема сомнеж дека ќе го кренеш неколку пати во кариерата. Ти си фантастичен и сакам да ти честитам тебе и на твојот тим за се. Ова беше еден од најемотивните натпревари во мојата кариера, го делев теренот со тебе и тоа е голема чест и ти посакувам се најдобро во иднина“, изјави Надал.

Шпанецот се осврна и на големите проблеми со повредите кои ги имал и во кариерата и во блиското минато, откривајќи дека ова многу лесно можело да биде неговиот последен Австралија опен.

„Пред месец и половина реков дека ова е можеби мојот последен Австралија опен, но сега имам енергија да продолжам. Навистина не можам да го објаснам ова, ќе дадам се од себе да дојдам и следната година“.

По неколкумесечна пауза оваа година, Надал дојде во Мелбурн и врза 11 победи, освојувајќи го турнирот од серијата 250 во Мелбурн пред Австралија опен.

„Не знам што да кажам луѓе. За мене ова е неверојатно чувство, пред месец и половина не знаев дали воопшто ќе се вратам на турнирот, а денес сум тука пред сите вас, трофејот е во мои раце. Не знаете колку се мачев да дојдам овде, не можам доволно да им се заблагодарам на сите што ми помогнаа да дојдам овде. Ви благодариме на сите за сета љубов и поддршка“.

Поддршката што ја имаше во Австралија беше исклучителна, како во финалето, така и пред него.

„Без сомнение, веројатно една од најемотивните победи во мојата кариера. Имав неверојатна поддршка овде во овие четири недели и таа ќе ми остане во срцето до крајот на мојот живот, ви благодарам многу“, рече Рафа.

 

Слични содржини