Надал на раскрсница: Ако оди на операција, повеќе нема да може да трча

од Vladimir Zorba
334 прегледи

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Рафел Надал, се соочува со голем проблем. Шпанецот повторно страда од синдромот Милер-Вајс, со кој има проблеми веќе 16 години.

По настапот во Вашингтон, Надал објави дека ќе го пропушти Мастерсот во Синсинати, а потоа пристигна потврда дека нема да настапи на последниот Гренд слем, УС Опен. После тоа, беше објавено дека Шпанецот ја завршил сезоната и дека нема да игра до крајот на годината.

Францускиот ортопед Жилберт Версије објасни со што се соочува Надал.

– Оваа болест е вродена и ги погодува луѓето кои имаат проблеми со стапалото. Коската умира затоа што крвта не циркулира низ неа. Ова е проблем што е почест кај жените во педесеттите години отколку кај младите луѓе, рече Версије, додавајќи дека верува дека операцијата не е решение за Надал:

– Можно е да се оперира, но тоа е опција само за потешки случаи, кога не можете да одите и кога болката е екстремна. За среќа, Надал се уште не стигнал до таа точка. Ако одлучи да се оперира, после тоа не би можел да трча, туку само да оди. Другите хируршки опции исто така не се компатибилни со спортот – рече францускиот ортопед.

Слични содржини