Надал: Не се осмелувам повеќе да кажам било што

од Симе Стоиков
192 прегледи

Како што наближува сезоната на неговиот омилен земјен терен, првата цел на поранешниот најдобар тенисер на светот е да биде подготвен за тоа.

Надал нема играно од почетокот на годината и од турнирот во Бризбејн, а новата повреда му го намали оптимизмот кога зборува за враќање на теренот. Така барем звучеа неговите изјави за време на церемонијата на доделување награди од Фондацијата Рафа.

„Првата цел е да се обидам да се натпреварувам и да одам ден за ден. Ќе дадам се од себе да се обидам да ја започнам сезоната на земјена подлога, што е мојата цел, работам на тоа и се трудам, но од сега па натаму што може се случи… Не се осмелувам повеќе да кажам ништо бидејќи во последно време ми е тешко да давам прогнози. За жал, така е“, изјави Надал.

„Не е важно дали сум оптимист или не, јас сум реален. Поминаа година и пол или две години откако бев оневозможев да се натпреварувам, поради што првата цел е да се обидам да се натпреварувам и да одам од ден на ден“.

Неодамна се откажа од играњето во Индијан Велс. Надал моментално е 647. тенисер во светот.

Слични содржини