Шпанскиот тенисер Рафаел Надал изјави дека се уште не одлучил дали ќе игра на претстојниот Ролан Гарос, пренесуваат шпанските медиуми.
Надал синоќа беше поразен во осминафиналето на Мастерсот во Мадрид од Чехот Јиржи Лехечка со 7:5, 6:4. Надал емотивно се прости со навивачите во шпанската престолнина.
„Ова беше посебен ден за мене. Се простив од Мадрид, но мојата кариера продолжува“, изјави шпанскиот тенисер.