Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се враќа на теренот во средината на декември на егзибицискиот турнир во Абу Даби. Шпанецот на тој начин ќе ја брани титулата освоена во 2019 година, а на теренот ќе се појави за прв пат од почетокот на август и интервенцијата на стапалото.
– Здраво на сите. Многу сум среќен што се враќам на Мабудала турнирот во Абу Даби. Се надевам дека ќе се видиме наскоро – рече Надал во видео пораката за социјалните мрежи на турнирот.
Шпанскиот тенисер досега пет пати го освојуваше турнирот во Абу Даби, а покрај него на овогодинешното натпреварување ќе учествуваат и Енди Мареј, Доминик Тим, Андреј Рубљев, Каспер Руд и Денис Шаповалов.