Надал откри зошто го напушти финалето на Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba
266 прегледи

Кога беше објавено дека Рафаел Надал е на трибините на „Стад де Франс“ во Сен Дени, следеше вистински татнеж на навивачите на Реал Мадрид.

„Бикот од Мајорка“ беше своевиден „талисман“, бидејќи „кралскиот клуб“ го совлада Ливерпул со 1:0, а Надал истакна дека е среќен бидејќи бил во натпреварот.

– Уживав во тоа што првпат бев во финалето на Лигата на шампионите и мојот тим победи. Беше среќна вечер, иако беше тешко да се биде таму – изјави Надал, кој потоа додаде дека се уште е возбуден.

Сепак, еден од најдобрите тенисери на планетата не остана до самиот крај, со оглед на тоа што ден подоцна го одигра осминафиналето на Ролан Гарос против Феликс Оже-Алијасим – и тоа се покажа како вистински спартански натпревар, па одлуката да се оди и да се одмори испадна добра.

– Не ја видов прославата бидејќи со половина час задоцнување мислев дека е вистинското време да си легнам. Бев супер среќен што можев вака да уживам во финалето – заврши Надал.

Тој во борбата за четвртфиналето на Ролан Гарос ќе се соочи со Новак Ѓоковиќ.

Слични содржини