Рафаел Надал сензационално отпадна во осминафиналето на УС Опен. Американецот Френсис Тиафо беше подобар од него со 6:4, 4:6, 6:4, 6:3.
По три и пол часа борба, 26. тенисер во светот се пласираше во четвртфиналето на турнирот. Пресудија неискористените брејк топки.
Тиафо искористи четири од шест брејк топки, а Надал три од осум.
Надал го доби само вториот сет, додека статистички многу поуспешен беше Тиафо.
Овој пораз го остава Надал на 22 Гренд слем титули. Новак Ѓоковиќ има 21, а Роџер Федерер 20.
За Шпанецот, УС Опен беше одлична можност дополнително да се одвои од најголемите ривали, кои не настапија на овој турнир.
Тиафо во четвртфиналето ќе игра против Русинот Андреј Рубљев, кој во осминафиналето лесно го победи Британецот Камерон Нори со 6:4, 6:4, 6:4.