Шпанскиот тенисер Рафаел Надал откри помалку познати детали од неговиот приватен живот.
Шпанецот се смета за повлечен човек кој со години води тивок семеен живот, сепак, тоа не е баш така. Шпанецот обожава да излегува навечер и ужива да конзумира алкохол, особено текила!
„Сакам забави! Секако, пијам и алкохол, особено текила“, призна Надал.
Сепак, Рафа тврди дека знае да се контролира.
„Добрата работа е што многу добро се контролирам. Па, никогаш не сум фрлил рекет на теренот, умерен сум во сè, но има една работа што не можам да се контролирам. Знаете што е тоа? Чоколадо“, искрен е Надал.
Шпанецот призна дека честопати пушта солза на филм.
„Плачев како бебе кога го гледав „Титаник“. Ми беше тешко и кога Муфаса умре во „Кралот лав“.
Рафа истакна дека сака и добра музика, а омилени изведувачи му се Хулио Иглесијас и Шакира.