306
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска ја освои 14-та титула на Ролан Гарос, откако во финалето во Париз го совлада Норвежанецот Каспер Руд со 6:3, 6:3, 6:0.
Надал со триумфот во Париз стигна до 22. Грен слем трофеј, а Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер имаат по 20.
Ова е 14-та титула за Шпанецот во Париз во исто толку одиграни финалиња.
Надал: Ќе се борам, но не знам што ќе се случи во иднина
Шпанскиот тенисер по освојувањето на титулата на Ролан Гарос изјави дека не верувал дека повторно ќе игра во финалето на Отвореното првенство на Франција.
Надал со победата во Париз стигна до 22. пехар на најголемите турнири, а сега има два Грен слем трофеи повеќе од Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.