Рафаел Надал в недела ќе има шанса да стане рекордер по бројот на Гренд слем титули, откако ќе се бори за 21. во кариерата, а ќе се обиде да стане четврти играч во историјата и втор во опен ерата, по Новак Ѓоковиќ, кој два пати ги освоиле четирите најголеми турнири.
Надал го победи Матео Беретини со 3:1 во полуфиналето на Австралија Опен.
„Мислам дека подобро го започнав натпреварот, бев подобар во првите два сета. Тој почна да погодува во третиот сет, а јас не ја играв мојата игра. Со маки успеав да победам“, изјави Надал.
Пред Беретини, Надал имаше тежок меч во пет сета со Шаповалов.
„Денот по четвртфиналето не тренирав, избегнав да тренирам. Вчера бев само 15 минути на теренот. Беше многу тешко да се подготвам за натпреварот“.
Надал пред 13 години единствен пат во кариерата го освои Мелбурн.
„Привилегиран сум што бев шампион на овој турнир. Тоа беше одамна, а не мислев дека ќе добијам уште една шанса во 2022 година“, заклучи Надал.