Рафаел Надал се врати во Шпанија, откако го откажа учеството на Мастерсите во Торонто и Синсинати.
Шпанскиот тенисер се повлече поради проблем со левата нога.
Надал се предаде во рацете на д-р Анхел Руис-Котор, неговиот личен лекар, кој беше пресуден во закрепнувањето по повредата на зглобот во 2016 година, како и другите повреди во текот на неговата кариера.
Откако ќе ја процени состојбата на д-р Руиз-Котор, Надал ќе одлучи дали ќе настапи на УС Опен, последниот Грен слем во сезоната.
УС Опен треба да биде врв на сезоната во која Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Надал ќе се борат за рекордната 21.Гренд слем титула.
И никој од нив нема да игра тенис пред турнирот во Њујорк.
Сепак, најнеизвесен е настапот на Федерер, кој го одигра својот последен натпревар во јули кога загуби од Хуберт Хуркач во четвртфиналето на Вимблдон.
Федерер наполни 40 години пред неколку дена. Во јуни Надал наполни 35 години, а во мај Ѓоковиќ 34 години.