Поради повреда на стомачните мускули, Рафаел Надал реши да се повлече од Вимблдон пред полуфиналниот меч против Ник Кирјиос, а на прес-конференцијата откри колкава пауза го очекува.
„Бикот од Мајорка“ треба да биде надвор од теренот, како што самиот откри, меѓу три и четири недели:
„Веќе една недела имам проблеми во пределот на стомакот, но тие беа повеќе или помалку под контрола. Правев тестови во средата, после мечот, сега се зголеми она ситница што ја имав пред неколку дена. Сакам да бидам надвор од терените три, четири недели, се надевам дека тоа ќе биде доволно за да продолжам да играм оваа година“, откри Надал.
За потсетување, Надал има искинат стомачен мускул што се влоши за време на мечот против Тејлор Фриц, што го принуди да се повлече пред полуфиналниот меч што требаше да го игра против Ник Кирјиос.