Со освојувањето на Ролан Гарос по 14-ти пат, Рафаел Надал покажа дека нема рамен на земјена подлога со која доминира од почетокот на кариерата.
Шпанецот го зголеми и рекордот по бројот на Гренд слем титули на 22 и со тоа ги надмина главните конкуренти Ѓоковиќ и Надал.
Главната приказна, покрај споменатите бројки, секако е повредата на Надал со која настапуваше во текот на целиот турнир и на која постојано се жалеше. Тој дури и го доведе во прашање играњето на Ролан Гарос следната година.
Шпанецот за да може да игра, примил инјекции со кои стапалото му е ставено во состојба на анестезија за да не чувствува болка. По завршувањето на турнирот тој детално зборуваше за третманот на кој бил подложен и неговите планови за во иднина.
Надал во меѓувреме пристигна во Шпанија, а камерите го снимија при посетата на лекар како излегува од автомобилот со патерици, што значи дека во овој момент не може нормално да се потпре на ногата. Очигледно е дека цената на титулата во Париз беше висока и дека Надал ќе мора да се лекува и да се одмори. Речиси е сигурно дека поради сето тоа нема да игра на Вимблдон како што се најавуваше претходните денови.
Инаку, обвинение против Надал стигна од Франција поради инјекциите што ги користи. Гијом Мартин, Французинот кој своевремено важеше за еден од најголемите таленти во светскиот велосипедизам за „Екип“, истакна дека тоа немало да им биде дозволено.
„Она што го направи Надал би било невозможно да се изведе на велосипед, што е нормално. Ако сме болни или повредени, не учествуваме, не се натпреваруваме, тоа е здрав разум за мене. Долгорочно не сум сигурен дека ќе му донесе нешто добро на Надал Лековите и инјекциите не само што имаат лековито дејство, туку секако можат да помогнат во перформансите. Ако велосипедист го направи тоа, дури и да не беше забрането, ќе биде означен како корисник на допинг“.