Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во третото коло на УС Опен, откако синоќа беше подобар од Фабио Фоњини од Италија со 2:6, 6:4, 6:2, 6:1.
Исто како и во првото коло со Хиџиката, Надал го загуби првиот сет, дури и му кажа на својот тим дека е многу нервозен, но успеа да се врати во мечот благодарение на самиот Италијанец кој направи многу грешки и го загуби вториот сет, без да му наштети на Шпанецот.
Во третиот сет пружи солиден отпор, но дотогаш Надал го подигна нивото на својата игра и не грешеше како претходно, додека четвртиот сет беше само прашање на формалност, а Шпанецот ја заврши работата за 2 часа и 38 минути.
Натпреварот го одбележа и бизарен инцидент во кој Надал мораше да побара лекарски тајм-аут бидејќи случајно се удри со рекетот по носот, по што почна да крвари. За негова среќа мечот го продолжи без поголеми проблеми.
Rafael Nadal nose bleeding tonight in one of most-bizarre medical timeouts. #UsOpen pic.twitter.com/O96Z9Yhjug
— Best Muscle Video (@bestmusclevids) September 2, 2022
Во третото коло Надал ќе се сретне со Ришар Гаске, кој во четири сета го изненади Миомир Кецмановиќ. Французинот никогаш не го победил Надал, а нивниот меѓусебен учинок е 17-0.