250
Фудбалскиот прволигаш Македонија Ѓорче Петров го наименуваше Наџи Шенсој за нов тренер.
По паузата за репрезентации, викендов се игра 15-тото коло од Првата македонска фудбалска лига, а деби на клупата на „лавовите“ од Ѓорче ќе има косовскиот Турчин Шенсој. Македонија ЃП за противник го има Работнички.
Клубот од западниот дел на Скопје вечерва ја официјалираше информацијата и на Шенсој му посака добредојде и многу среќа. Шенсој е стручњак кој има водено и други македонски клубови, а на клупата на Македонија доаѓа на местото на Александар Таневски.