198
Претседателот Стево Пендаровски денеска истакна дека е во постојана комуникација со МВР околу лажните дојави за бомби во земјава, но смета дека во моментов не е потребно свикување на Советот за безбедност.
-Од она што го знам, тие се 24/7 во однос на тие закани. Знаете дека тоа се ИП-адреси кои најчесто се од странство и до кои тешко се доаѓа, особено до луѓето кои ги раководат. Дневниот аспект е дека сите надлежни органи се максимално ангажирани и ве уверувам дека не дозволуваат било каква шанса некој навистина да постави експлозивна направа во нашите училишта, рече Пендаровски како одговор на новинарско прашање после денешните дојави за бомби во образовните установи во земјава.