Министерството за економија го објави огласот за надоместување на дел од трошоците за снабдувањето со природен гас во домаќинствата за 2023 година, т.е. за надоместување на дел од трошоците за домаќинствата, за изработена проектна документација за приклучок на системот за дистрибуција на природен гас и/или за извршен приклучок на систем за дистрибуција на природен гас во државата во 2023 година.
Како што изјави министерот за економија Крешник Бектеши оваа мерка е со цел да е поттикне диверзификација во делот на снабдување со енергенси. Затоа, за градовите Струмица и Куманово, каде што веќе има мрежа за природен гас, се предвидени субвенции за приклучок на мрежата и Министерството за економија ќе им обезбеди поврат на средства во висина до 70 % од трошоците, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство за 2023 година.
Право на учество на овој јавен оглас имаат домаќинствата кои имаат изработена проектна документација за приклучок на системот за дистрибуција на природен гас и/или имаат извршено приклучување на соодветниот систем за дистрибуција на природен гас во периодот од 01.01.2023 година до 31.10.2023 година.
Потребните документи за аплицирање на следниот линк!