Надвор од памет е дека ние купуваме време, вели адвокатот на Мијалков

од Nikola Popovski
191 прегледи

Ова е пораз за правото и правната држава. Ова го кажувам од едноставна причина што ниту едно од напатствијата на Апелација на кој што укажуваше Второстепениот суд, не е реализирано од Првостепениот суд. Ова укажува дека ваквата пресуда не може да ја издржи правната критика на одбраната. Сметаме дека Апелацискиот суд ќе ја прифати жалбата и или ќе ја укине првостепената пресуда или ќе закаже главна расправа на која што мериторно ќе одлучи по овој предмет, рече денеска адвокатот на Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски, коментирајќи ја досудената казна затвор од 2 години за неговиот клиент за случајот „Титаник 2“.

Тој во изјава за медиумите пред Кривичниот суд – Скопје вели дека законот вика дека одлуката на Управниот суд правосилната одлука има сила на закон.

-Погледнете ги датумите во колку наврати е одложуван предметот по барање на Судот. Надвор од памет е дека ние купуваме време. Самата пресуда на Апелација јасно кажува дека тука нема дело за ниту еден од обвинетите. Имаме нова осудителна пресуда и сметам дека ќе ја доживее судбината на претходната пресуда, рече Шврговски како одговор на новинарско прашање.

Сите обвинети во предметот се гонат за злоупотреба на службената положба и овластувања, освен Мијалков, кој се гони за примање награда за противзаконито влијание – дело за кое во април 2023 година ќе настапи застарување.

За да не дојде до застарување, до април пресудата треба да стане правосилна, па да се испрати до Апелација. Потоа второстепениот суд да се одлучува за евентуалните жалби на странките и на крај да се донесе одлука.

 

Слични содржини