Нафтата најевтина во последните 11 години

од desk3
72 прегледи

Европската нафта „брент“ денеска поевтини на 36 долари и 29 центи за еден барел, што е најниска цена во последните 11 години.

Во однос на тргувањето во петокот, цената на еден барел се намали за 59 центи и моментно е на ниво од јули 2004 година.

nafta

Еден барел сурова нафта во САД моментно чини 34 долари и 37 центи, пренесува АФП.

Американскиот конгрес минатата недела ја укина 40-годишната забрана за извоз на нафта, што е историски потег.

Аналитичарите сметаат дека презаситеноста на светскиот пазар и понатаму е главен фактор кој ја урива цената, но тоа нема да ја спушти цената на помалку од 30 долари за еден барел.

Нафтата поевтини за повеќе од 60 проценти од летото 2014 година, кога еден барел чинеше повеќе од 100 долари.

Цените почнаа значајно да опаѓаат по 4 декември, кога земјите на ОПЕК одлучија да не го ограничуваат призводството и покрај нарушениот однос на побарувачка и на снабдување.

 

META