Нафтата: Следната жртва на трговската војна на Трамп?

од desk4
136 прегледи

Продлабочувањето на трговската војна меѓу САД и Кина би можело да донесе двоен шок на
несигурниот нафтен пазар, пренесува Си-Ен-Ен.


Размената на удари меѓу Вашингтон и Пекинг веќе ги ослаби цените на нафтата во услови на
зголемени стравувања од забавување на глобалната економија или дури и рецесија во САД, што
дополнително може да ја намали побарувачката.
Новите американски тарифи на хоризонтот значително го зголемија ризикот од престојниот шок
при снабдувањето. Инвестициската банка Merrill Lynch предупреди дека Кина може да одговори на
тарифите на САД со нарачување огромни количини нафта од Иран, без да ги почитува санкциите на
САД против членот на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК).
Ова може да предизвика пад на цената на сортата Брент од 60 долари за барел денес на само 40
американски долари за барел, се вели во забелешката на Bank of America до клиентите.

Цените на „црното злато“ паднаа за скоро 7% до 31 јуни, ден пред претседателот Доналд Трамп да
се закани со нови 10 отсто давачки на преостанатиот 300 милијарди американски долари увоз од
Кина. Сортата „Брент“, глобален бенчмарк, поевтини за 8%.

Последната рунда американски давачки за кинескиот увоз може да ја намали глобалната
побарувачка на нафта за меѓу 250.000 и 500.000 барели на ден, соопшти Bank of America. Апетитот
за нафта веќе се намали заради економското забавување.

Претходно, Кина вети дека ќе одговори на американските тарифи, додавајќи нова неизвесност во
врска со изгледите за глобалната економија.
Во понеделникот, Пекинг дозволи својата валута да опаѓа под клучното психолошко ниво од 7 јуани
за долар. Кинеската централна банка наведува како причина зголемената загриженост за новите
тарифи од САД.
Кина, исто така, презеде акција против американскиот земјоделски сектор, повикувајќи ги
државните компании да го прекинат увозот на американска стока.
Нафтата би можела да биде следната жртва на трговските спорови. Иако Пекинг наметна 10%
давачки на американскиот увоз на ЛНГ од САД, „црното злато“ засега ги избегнува тарифи.

 

Слични содржини