Нафтена компанија објави цртеж на кој е прикажано силувањето на Грета Тунберг? (фото)

од Nikola Popovski

Канадска нафтена компанија предизвика скандал откако се појави цртеж(етикета), на кое е прикажано силување на климатската активистка Грета Тунберг со нивното лого, пренесува The Week.

Компанијата X-Site Energy Services негираат поврзаност со контроверзната етикета.

„Тие се повеќе и повеќе очајни … Ова само докажува дека победуваме“, објави Тунберг на Твитер.

Компанијата е обвинета за производство на детска порнографија. Сепак, властите велат дека етикетата не ги исполнува критериумите за изрекување на казна.

Имено, според канадскиот закон, секое порнографско прикажување на личност под 18 години може да се смета за детска порнографија. Сепак, не е познато или конкретно е наведено дека лицето на етикетата е Грета Тунберг, па истрагата беше прекината.

За етикетата се дискутираше и во канадскиот парламент. Пратеникот Александар Булерис побара од владата да го осуди овој потег.

Покрената е и петиција со која се повикува раководството на компанијата да ги напушти своите позиции.

Слични содржини